Голем пожар по експлозија во зграда во Холандија, неколку лица повредени: „Не знаеме дали има луѓе под урнатините“

Неколку лица се повредени откако силна експлозија предизвика пожар во зграда во центарот на Утрехт, еден од најголемите холандски градови.
„Неколку згради се урнале по експлозијата. Четири лица се повредени и се однесени во болница на лекување“, објавија локалните власти на својата веб-страница.
Пожарот сè уште беснее. Не е познато дали сè уште има луѓе во зградата што билазафатена од пожар, бидејќи не било безбедно пожарникарите да влезат во неа.

„Не сме сигурни дали има уште луѓе заробени под урнатините. Полицијата работи напорно на истрагата“, изјави градоначалничката Шерон Дијксма.
Локалните власти соопштија дека имало голема штета во овој густо населен дел од градот, додавајќи дека причината за експлозијата сè уште е непозната.

Жителите кои морале да ги напуштат своите домови од безбедносни причини биле сместени во хотел во близина, објави Н1.

Најчитани вести