Познати се две осветувања на вода: големо и мало.
Големото осветување на вода се извршува двапати годишно на Денот на крстот (вечерта на Богојавление) и на Богојавление, на кој се сеќаваме на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Мало водосветување се извршува во различни пригоди, за време на други црковни чинови и церемонии, на Велигден и семејната слава на домаќинот, а исто така и на барање на индивидуални верници – во секое време и на кое било место: во куќа, на поле, во градина и така натаму.
Колку долго може да се чува светата вода, особено онаа што е осветена на Богојавление, Водици и Велигден? По една година, кога ќе пристигне новата вода, што се прави со старата?
Одговорот на ова прашање не е напишан во црковните книги, ниту пак постои некаков пишан ред во врска со тоа. Но затоа постои народна традиција и обичај што Црквата премолчено го усвоила, а тој стекнал традиционална вредност, како и многу други работи што се зачувани во Црквата преку традицијата.

Значи, според таа народна традиција, а сега и црковната традиција, ако целата количина вода за Богојавление не се потрошно побожно во текот на годината, тогаш остатокот, кога ќе пристигне новата вода, се истура во бунар, во река или во цвеќето. Во секој случај, каде што нема да биде изложена на газење и сквернавење. Но, ако имате место каде да ги чувате шишињата со света вода, не ги истурајте, туку чувајте ги и оние старите.
Светата вода, особено онаа што се користи за време на Богојавление (што луѓето често ја чуваат во своите домови), може да се чува на неограничено долго. Без разлика колку долго ја чувате, таа не ја губи својата благотворна моќ ниту станува лоша. Постојат семејства кои ја чуваат водата за Богојавление повеќе од триесет години, додавајќи секоја година малку нова вода во шишето со старота.
Што се однесува до водата што се осветува за Велигден…
За време на постот, се препорачува да се зема мала количина велигденска света вода секое утро пред јадење. Ова се прави со намера да се освети домот за Велигденскиот празник, но и да се освети душата (како храм на Светиот Дух). Редовната употреба на света вода придонесува за оваа духовна практика.
Целата осветена вода за семејната слава се користи за да се направи свечениот колач, а малку може да се остави за да можат сите членови на домаќинството да се напијат за осветување на душата и телото.


