Германците си заминуваат: Поради „природата“ на Трамп, инвестициите во САД се преполовија

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции во Соединетите Американски Држави во првата година од вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, првенствено поради неизвесноста во трговската политика, покажува извештај на Германскиот економски институт (IW).

Помеѓу февруари и ноември 2025 година, германските компании инвестирале околу 10,2 милијарди евра во Соединетите Американски Држави, што е намалување од околу 45 проценти во однос на речиси 19 милијарди евра инвестирани во истиот период претходната година, стои во студијата базирана на податоци од Бундесбанк, објави Ројтерс.

Бидејќи директните инвестиции често силно флуктуираат, IW споредени се податоците и со просекот за истиот период од 2015 до 2024 година, кој изнесувал околу 13,4 милијарди евра. Во споредба со тој просек, инвестициите се намалени за повеќе од 24 проценти откако Трамп дојде на власт, истакнуваат истражувачите на IW.

Пад е забележан и во германскиот извоз во САД. Извозот се намалил за 8,6 проценти од февруари до октомври 2025 година во споредба со истиот период минатата година, што е најголем пад од 2010 година, без периофот на пандемијата. IW проценува дека падот на извозот во 2025 година не се должи само на американските царини, туку и на слабеењето на доларот.

Според извештајот, компаниите се вознемирени од честите промени во трговската политика на САД и заканите за дополнителни царини. Откако ја презеде функцијата на 20 јануари минатата година, Трамп постојано се закануваше, а потоа воведуваше повисоки царини за стоки од Европската Унија, тврдејќи дека тоа ќе ги охрабри странските компании да започнат или го прошират производството во САД за да избегнат дополнителни трошоци.

Сепак, неизвесноста предизвикана од ваквите промени во политиката ги тера компаниите, кои обично ги планираат инвестициските одлуки со години однапред, да заземат претпазлив став и да ги одложуваат инвестициите, според IW. Кога основните претпоставки на економското опкружување се доведуваат во прашање речиси преку ноќ, многу малку компании се подготвени да донесат такви далекусежни одлуки.

Податоците по сектори покажуваат особено остар пад на извозот на автомобили и автоделови, кој е намален за речиси 19 проценти, додека извозот на машини се намалил за 10 проценти, а на хемиски производи за повеќе од 10 проценти. IW проценува дека последиците се негативни за двете страни на Атлантикот, заклучувајќи дека царините ги зголемија трошоците за влезни материјали во САД и придонесоа за одржување на инфлацијата над нивото од два проценти, пренесува Б92

Најчитани вести