Поради санирање на дефект на приклучна водоводна цевка со пречник од еден цол на улица „Божин Николов“ 49, денеска од 10:20 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Лисец“, „Горноврановска“, „Божидар Рајковиќ“ и „Горно Лисиче“.
Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.


