Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого, како што наведуваат оттаму и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост.

Акцијата ќе се одржи во холот на Домот на АРМ, во периодот од 09:00 до 17:00 часот, а во нејзина организација се вклучува Општинскта организација на Црвен крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина.

-Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број граѓани, а особено млади луѓе кои во ликот и делото на Тоше Проески препознава позитивен пример, се наведува во соопштението. 

Црвениот крст на град Скопје и Општинската организација на Црвен крст Гази Баба  ги повикуваат сите хумани граѓани да земат учество во оваа крводарителска акција и како што велат, заедно, во духот на Тоше Проески, да покажеме дека хуманоста живее. 

Најнови вести

Најново од Македонија