Министерството за внатрешни работи потсетува дека граѓаните треба да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед.
– На посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот, граѓаните можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Тоа може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР, информира МВР.
Според најавите, системот „Бебзеден град“ официјално треба да биде ставен во функција в недела (1 февруари).


