Матичните гинеколози бараат јасно дефинирање на здравствените услуги

Матичните гинеколози со јавна реакција до министерството и фондот за здравство – бараат промени и јасно дефинирање на услугите во примарната гинеколошка здравствена заштита…..

Денеска од пред министерството за здравство порачаа дека мора да се ревидираат договорите со Фондот и да се утврди точно кои услуги се бесплатни за пациентките, а кои не се.

Реакцијата следува по контролите кои ги изврши Фондот, а во кои беше утврдено дека дел од матичните гинеколози им наплатувале на пациентки за услуги кои се покриени од државата. Гинеколозите велат – проблемот не е во злоупотреби туку во системски хаос. 

Од министерството за здравство велат дека ќе ги проследат барањата.

„Потенцираме дека упатствата за медицина базирана на докази континуирано се ревидираат и обновуваат, следејќи ги современите текови во медицината, така што и во конкретниот случај стручните служби ќе ги разгледаат сите аспекти, согласно барањето на Здружението на матични гинеколози и акушери на Македонија“. 

Гинеколозите порачаа дека очекуваат институционален дијалог, но ако нема брза реакција не ја исклучуваат и можноста за протест.

Извор: 24.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести