Забрана за сообраќај на камиони и автобуси на патот Шипковица – Попова Шапка

Поради врнежи од снег, од 9.20 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради врнежи од снег од  5.45 часот е воведена и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.

Како што информираат АМСМ и ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. 

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести