Полицијата вечерва во голем број е присутна во повеќе објекти и на повеќе локации во Скопје и Струмица, а според неофицијални информации, се работи за акција поврзана со неодамнешната рекордна заплена на марихуана во Србија, кои според српските власти, потекнуваат од фабрика за медицински канабис од Македонија.
Дел од медиумите, исто така неофицијално, објавија дека во Скопје се претресува објект во поранешната фабрика ОХИС.
Официјално од полицијата велат дека акцијата е во тек и дека повеќе детали ќе соопштат утре.
„МВР во координација со ОЈО ГОКК презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога. Повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на активностите“, кусо велат од МВР.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан за случајот со огромното количество дрога која потекнува од Македонија, но беше резервиран и изрази сомневање дека марихуаната воопшто „поминала од земјава“.
Извор- Слободен печат


