Спикерот на иранскиот парламент вели дека „не се водени преговори“ со САД

Спикерот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, негираше дека се воделе разговори меѓу Иран и САД, повторувајќи ја изјавата на Министерството за надворешни работи, пренесоа „Ал џезира“ и Би-би-си.

„Не се водени никакви преговори со САД, а лажните вести се користат за манипулација со финансиските и нафтените пазари и за бегство од калта во која се заглавени САД и Израел“, напиша тој на X.

Иран бара „целосна и покајничка казна за агресорите“, рече спикерот во друга објава.

Иранските официјални лица „цврсто стојат зад својот врховен водач и народот додека не се постигне оваа цел“.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести