Викендов пристигнува невреме со дожд, ветер и град

Под влијание на циклонска активност, викендов во се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Во деновите петок, сабота и недела, ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе значителна дестабилизација на атмосферата и услови за невреме во повеќе делови од земјата. Според прогнозите, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од северен и североисточен правец.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме проследено со обилен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Ветерот на моменти може да достигне брзина од 50 до 60 километри на час.

Нестабилно време се очекува и во и Скопската котлина, каде исто така ќе има услови за краткотрајно невреме со силен ветер и интензивни врнежи. Утринските температури низ Македонија ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе достигнуваат меѓу 20 и 28 степени. Во Скопје утринската температура ќе биде меѓу 14 и 16 степени, а дневната ќе се искачува до 26 степени.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести