Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје.
Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош.
ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.
Сообраќајот е нормализиран од 05:30 изутрината.
Според дел од медиумите во сообраќајката, која се случила во близина на Радишани, патничко возило марка „БМВ“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил, а има и жртви
Несреќата се случила околу половина час пред полноќ, а на местото веднаш интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош. Од силината на ударот, возилото целосно изгорело.
МИА


