Две лица биле застрелина во инцидент со американската тајна служба во близина на Белата куќа, пренесува „СиЕнЕн“.
Според изјава на претставник од безбедносните служби, припадници на униформираната единица на тајната служба реагирале по пријава за лице кое пукало со оружје. Новинарски екипи во близина на Белата куќа слушнале десетици истрели, а потоа бил воведен безбедносен карантин и започнала брза интервенција на федералните служби.
Американскиот претседател Доналд Трамп во моментот на инцидентот се наоѓал во неговата резиденција во Белата куќа. ФБИ соопшти дека нивните агенти се на терен и во тек е истрага.


