Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определен притвор од 30 дена

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека превезувале седум лица мигранти од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум лица мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница. 

-За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против косовските државјани е поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена – информираат од МВР. 

Двајцата се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, додека мигрантите се сместени во во Центар за баратели на азил во Визбегово-Скопје. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести