СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија организираше Свечен настан по повод 20-годишнината од своето основање, одбележувајќи две децении посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на деловната заедница, стои во соопштението.

 В.д. претседателот на СКСЗМ, во своето обраќање истакна дека: „На ова патување, СКСЗМ треба да остане домот на албанскиот бизнис, институција која не само што слуша, туку и дејствува; не само што претставува, туку и ги штити интересите на нашите стопанственици, денес и за генерациите што доаѓаат. Имаме силна дијаспора, талентирани млади луѓе и исклучителен потенцијал. Она што ни е потребно е да продолжиме да веруваме едни во други и заедно да чекориме напред.“

 На настанот беше промовиран и документарниот филм за 20-годишниот пат на СКСЗМ, како и јубилејната монографија, во која свое место имаат бројни компании и личности што биле дел од развојот и придонесот на Комората во изминатите две децении.

Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, во своето поздравно обраќање изрази благодарност до сите соработници и партнери кои придонеле за развојниот пат и успесите на Комората во текот на изминатите 20 години.

Дваесет години подоцна, СКСЗМ останува истиот глас на бизнисот кој произлезе од визија, храброст и потреба за достоинствено претставување. Почитувајќи го минатото и придонесот на генерациите што ја обликуваа, Комората продолжува да гледа напред со одговорност, амбиција и доверба во потенцијалот на домашниот бизнис.

СКСЗМ

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести