Кејт Мидлтон за прв пат проговори за борбата со канцерот: Семејството го носи истиот товар, промените не се само физички

Кејт Мидлтон ретко зборува за најтешките моменти низ кои поминала за време на борбата со тешката болест, но за време на емотивната посета на центарот за лекување во Манчестер направи исклучок. Принцезата од Велс отворено зборуваше за тоа колку болеста влијае не само на дијагностицираната личност, туку и на децата, родителите, партнерите и сите оние кои секојдневно минуваат низ страв, неизвесност и закрепнување заедно со пациентот.
Кејт, на која ѝ беше дијагностициран рканцер на почетокот на 2024 година, помина низ хемотерапија која траеше до септември истата година. Во јануари 2025 година, таа објави дека болеста е во ремисија.

Нејзината посета на центарот во Манчестер беше особено трогателна бидејќи принцезата се сретна со пациенти кои и самите поминале низ исцрпувачки третман. Меѓу нив беше и Клер Лоран, која заврши со хемотерапијата тој ден и симболично го заѕвони ѕвончето, што за многу пациенти претставува моќен момент – крај на една од најтешките фази од терапијата.
Во разговор со партнерот на пациентката, Кејт за прв пат отворено проговори за тоа колку нејзината болест влијаела врз нејзините најблиски.

Знам колку им било тешко на моите деца и на моите родители. Сето тоа го поминувате заедно, рече Кејт.
Принцезата потоа додаде дека товарот на болеста никогаш не завршува со лицето кое го прима третманот.

Знам дека е подеднакво тешко и за семејството и за најблиските – истакна принцезата.

Потоа нежно се обрати кон бебето на пациентката и со насмевка рече:

Не е ли мама храбра?

Вилијам претходно зборуваше за децата

Принцот Вилијам претходно зборуваше и за тоа како семејството се справило со болеста на Кејт. Тој откри дека тој и принцезата одлучиле да бидат поотворени со децата отколку порано и да им објаснат, според нивната возраст, што се случува.
Кејт разговараше со пациентите и за тоа колку е сложен процесот на лекување, бидејќи не е поврзан само со телото, туку и со емоциите, стравовите и чувството на контрола што лесно се губи за време на болеста.

Треба да се грижите за себе и да прифатите дека постојат работи што не можете да ги контролирате. Телото поминува низ огромни промени – не само физички, туку и емоционални, на многу подлабоко ниво. Исто така е многу тешко за семејствата – потенцира принцезата, објави Пинк.рс.

Најчитани вести