Барселона му дозволи на Јамал да игра на првиот натпревар на СП, но очекува тој да влезе кон крајот на второто полувреме

Барселона, 7 јуни 2026 (МИА0 – Барселона му дозволи на Ламин Јамал да игра за Шпанија на почетокот на Светското првенство во 2026 година, објави „Ас“.

Каталонскиот клуб внимателно го следи закрепнувањето на 18-годишниот крилен напаѓач, кој заработи повреда на левиот бутен мускул на 22 април по изведувањето на пенал против Селта Виго на „Камп Ноу“. Јамал пристигна со шпанската репрезентација на 30 мај, сè уште во процес на закрепнување.

Фудбалерот доби дозвола да игра на првиот натпревар на Шпанија на Светското првенство 2026, против Зелен ‘Рт на 15 јуни. Клубот верува дека дотогаш ќе бидат завршени планираните шест недели закрепнување и, доколку нема компликации, тој ќе има право на лекарско одобрение.

Но, постои важен услов: неговото враќање мора да биде постепено. Барселона не очекува Јамал да го започне натпреварот, туку да ги игра максимум последните 15 минути.

Доколку се чувствува добро, Јамал би можел да игра 45-60 минути во второто коло против Саудиска Арабија. А до последниот натпревар од групната фаза против Уругвај, закажан за 27 јуни, крилниот напаѓач теоретски би можел да биде подготвен да започне и да го одигра целиот натпревар.

Барселона нема само да ја следи состојбата на Јамал. Клубот планира секојдневно да ги следи сите свои играчи во шпанската репрезентација и да добива извештаи за секој играч. 

МИА

Најчитани вести