Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави денеска дека рехабилитацијата на Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз напредува според планот и оти тројцата треба да бидат подготвени за првиот натпревар на Светското првенство на 15 јуни против Зеленортските острови.
„Закрепнувањето на сите тројца оди според планот и доколку не се појави ништо неочекувано во наредните денови, тие треба да бидат достапни за првиот натпревар на 15 јуни“, изјави Де ла Фуенте.
Тројцата останаа во тренинг кампот на репрезентацијата во Чатануга и ќе го пропушта денешниот контролен натпревар против Перу во Пуебла.
„Ова е многу важен натпревар за нас и нема да го третираме како пријателски натпревар“, рече селекторот на Шпанија.
МИА


