Парламентот на Хондурас изгласа измени на Кривичниот законик, со што максималната казна за убиство на жена се зголемува на 60 години затвор.
Основната казна за убиство на жена ќе остане помеѓу 25 и 30 години затвор, но во отежнувачки околности може да биде и од 30 до 40 години затвор. Во случаите што вклучуваат сексуално насилство или киднапирање што резултирало со смрт на жртвата, казната може да достигне 60 години затвор.
Хондурас има највисока стапка на фемицид во Јужна Америка, 4,3 случаи на 100.000 жители. Минатата година, во Хондурас убиени се 262 жени. Според феминистичките организации оваа година убиени се 116 жени.
МИА


