Американски воен хеликоптер се урна во Ормуска Теснина

Американски воен хеликоптер вчера се урна во Ормуска Теснина, а двајцата членови на екипажот се спасени, објави „Њујорк тајмс“.

Весникот наведува дека е непознато дали хеликоптерот „Апачи“ е соборен или се урнал поради дефект или некоја друга причина.

Белата куќа и Централната команда на американската армија (ЦЕТКОМ) сè уште не го коментирале инцидентот. 

МИА

Најчитани вести