Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 13 лица по извршените претреси на 16 локации во Калесија, Живинице, Братунац, Шековиќи и Осмаци, каде што биле пронајдени оружје, муниција и експлозивни средства.

Акцијата ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Кантоналното обвинителство, а со цел сузбивање на нелегалното поседување оружје.

При претресите биле одземени автоматски и ловечки пушки, пиштоли, минско-експлозивни средства, како и поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

По завршувањето на полициската обработка, осомничените ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести