Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја добија војната во Иран и дека за тоа не им е потребна помошта од Европа.
Тој ова го изјави за италијанскиот „La7 Omnibus“, кога беше запрашан што би им рекол на лидерите на групата Г7, вклучувајќи ги Италија и Франција, во врска со недостатокот на поддршка во управувањето со кризата со Техеран.
-Ја добивме војната во Иран, не ни беше потребна помошта од Европа. Нивната помош беше неважна, рече Трамп.
Трамп вчера изјави дека очекува договорот со Иран да биде потпишан во наредните денови, дека „документите се блиску до конечна форма“ и дека церемонијата може да се одржи „некаде во Европа“ и дека на неа ќе присуствува потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс
МИА


