Претседателот на Парламентот и главен ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф ќе присуствува на официјалната церемонија за склучување на договорот со САД за прекин на војната меѓу двете земји, јавија локални медиуми.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи, изјави дека сè уште не е целосно јасно каде точно ќе биде потпишан договорот и во каков формат ќе се одржи церемонијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе учествува на официјалната церемонија на потпишување на договорот од двете страни, која, според него, ќе се одржи во Женева.
МИА


