СДСМ: Во време на СДСМ 30 милијарди за субвенции, во време на ВМРО само 15 милијарди – Мицкоски повторно лаже 

Мицкоски лаже ама бројките ја кажуваат вистината.

Во време на СДСМ или поточно од 2021 до средината на 2024 година се исплатени вкупно 30 милијарди денари за субвенции за земјоделците. Во последните две години од мандатот на СДСМ се исплатени 20 милијарди евра. А во време на ВМРО, за две години само 15 милијарди денари. Не може помалку да биде повеќе, ниту обратно.

Овие бројки и податоци се јавно објавени и достапни на Платежната агенција.   

Еве ги бројките и цената на тутунот, или уште едно разобличување на неговите лаги.

Во време на ВМРО во 2013 година откупната цена на тутунот беше 153 денари. А во 2024 година, во време на СДСМ, беше 400 денари. Субвенцијата за прва класа изнесуваше 100 денари, која ВМРО сега ја намали на 80 денари.

Како може помалку да биде повеќе? Не може.

Во секоја гранка во земјоделството доцни исплатата на субвенциите. Без субвенции се оставени поледелците среде жетва, градинарите, тутунарите. Сточарите сè уште ги чекаат субвенциите за грло добиток и премиите за млеко, а дополнително се соочени со ниски откупни цени на млекото и прекинат откуп.

Не се лажат земјоделците кои секојдневно трпат загуби поради погубните политики на ВМРО со прес конференции во Владата. Вистината е дека за две години Мицкоски како цунами го уништи земјоделството.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести