Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Канзас го победи Алжир со 3:0 во натпреварот од групната фаза на Светското фудбалско првенството 2026. Трите гола го постигна Лионел Меси.
Капитенот на Аргентинците погоди во 17-та, 60-та и 76. минута.
Триесет и осумгодишниот Аргентинец Меси израмни рекордот на Мирослав Клозе од 16 голови на Светските првенства.
Аргентина освои три бода и се искачи на првото место во Групата Ј. Алжир е на последното место.
Во второто коло на Мундијалот, Аргентина ќе игра против Австрија, а Алжир ќе се соочи со Јордан.
МИА


