Македонскиот фудбалски шампион Вардар го дозна и потенцијалниот ривал за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите се разбира доколку успее да го елиминира првакот на Финска КуПС. Победникот од овој дуел во втората рунда ќе игра со поуспешниот од двомечот меѓу Сабах (Азербејџан) и ТНС (Велс).
Првиот натпревар би се играл на гостински терен, а реваншот на домашен терен. Термините за одигрување на натпреварите се 21/22.јули односно 28/29.јули.
Третото квалификациско коло во Лигата на шампионите носи пласман во Конференциската лига, а плеј офот во Лига Европа.
МИА


