Почина Љупчо Грнчиштанов – еден од обвинетите во случајот „Пулс“, инспектор во ДПИ

Почина Љупчо Грнчиштанов (54) – главен инспектор во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Toj беше еден од обвинетите во судскиот предмет за пожарот во „Пулс“.

Грнчиштанов од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во ДПИ.

Тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, а помина 77 дена во ефективен притвор, по што 14 месеци беше во куќен притвор.

„Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција“ информираа кратко од ОЈО.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести