ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без да поседува соодветна документација, изградил неколку објекти и вршел угостителска дејност. При извршен инспекциски надзор, било констатирано дека објектите биле изградени без решенија за поставување и одобренија за градба – информираа од СВР – Велес.
МИА


