Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека разговорите меѓу делегациите од неговата земја и Иран се пресвртница и дека двете страни би можеле да одлучат да започнат одново или да се вратат на старите патишта.
Венс изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп повикал на „нов почеток“ за трансформација на односите меѓу САД и Иран и дека техничките разговори што започнаа во Швајцарија ќе им овозможат на двете страни да седнат заедно и да работат на решавање на проблемите.
Венс го опиша денешниот состанок меѓу делегациите од Иран и САД во Швајцарија со посредство на Катар и Пакистан, како „историски“.
Пред да започнат четиристраните разговори, Венс прво се сретна со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и началникот на пакистанската армија, фелдмаршалот Асим Мунир, кој беше клучен посредник меѓу Вашингтон и Техеран во текот на целиот конфликт.
Шариф се сретна одделно со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, кој ја предводи делегацијата на Техеран, и со министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.
МИА


