Доколку сте љубители на кремасти и сочни десерти, трилече е вистинскиот избор. Овој популарен колач се подготвува од мек пандишпан кој се натопува со мешавина од три вида млеко, а на крајот се премачкува со богат карамел крем.
Потребни состојки за пандишпанот:
- 6 јајца
- 100 грама шеќер
- 200 грама брашно
- ½ прашок за печиво
- 1 ванилин шеќер
За преливот:
- 400 мл слатка павлака
- 300 мл кондензирано млеко
- 800 мл полномасно млеко
За премачкување:
- 300 грама карамел крем
Подготовка:
Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане цврста и сјајна, додавајте ги жолчките една по една, матејќи кратко по секое додавање. На крај, внимателно вмешајте го брашното измешано со прашокот за печиво, користејќи најмала брзина на миксерот или шпатула за да остане смесата воздушеста. Истурете ја смесата во правоаголен плех (20 × 30 см) обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20–25 минути, додека пандишпанот не добие златножолта боја.
Оставете го пандишпанот кратко да се излади, потоа извадете го од плехот и со вилушка или дрвен стапче направете повеќе отвори по целата површина. Во плехот најпрво истурете ја слатката павлака, а врз неа ставете го пандишпанот превртен наопаку. Оставете да отстои околу 10 минути. Во меѓувреме измешајте ги кондензираното и обичното млеко, па рамномерно прелијте го пандишпанот. Почекајте неколку минути целосно да ја впие течноста.
На крај премачкајте го колачот со карамел крем и оставете го добро да се излади во фрижидер пред сервирање.
МИА


