Филипче: Фазен идентитет на ВМРО, зошто го сокрија Гоце Делчев зад мостот?

Во интервјуто за „Вин-Вин“ на Телма телевизија претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека ВМРО води политика на лажни патриоти и „фазен идентитет“, злоупотребувајќи ги националните теми за дневнополитички цели, додека токму политиките на СДСМ донесоа најголеми гаранции за македонскиот идентитет и јазик.

Филипче посочи дека ВМРО денес декларативно се повикува на Гоце Делчев, но нивниот однос кон неговото дело и порака покажува сосема поинаква слика.

„Имаат фазни идентитети. Да се потсетиме како го тратирале они Гоце Делчев. Што се случува кога ќе се прошетате на нашиот плоштад. Античка Македонија, цела фамилија, Пела и така натаму. Каде е Гоце Делчев? Таму некаде покрај мостот, на крај, пред зградата на Телеком, претставен како воин на коњ. Каде е неговата главна порака? Како Гоце го разбира светот, како поле за културен натпревар помеѓу народите. Порака која што треба да биде пред Собранието, а не пред мостот, претставен како воин на коњ, без неговата главна порака.“ рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче порача дека фактите покажуваат оти токму политиките на СДСМ го заштитиле и унапредиле македонскиот идентитет и јазик во европскиот процес.

„Идентитетот, јазикот…. За прв пат, во рамките на францускиот предлог, е чист македонски јазик, кој што го гласаат и го прифаќаат сите земји членки на Европската Унија, вклучувајќи ја и Бугарија“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најчитани вести