Хрватска ноќеска ја победи Гана со 2:1 во третото коло од групната фаза на Светското првенство 2026.
Петар Сучиќ го отвори резултатот во 31. минута. Дефанзивецот на Гана, Дерик Лукасен, постигна гол во 73. минута, а десет минути подоцна Никола Влашиќ по асистенција од Лука Модриќ ѝ ја донесе победата на својата земја.
На другиот натпревар од последното коло во Л-групата, Англија ја совлада Панама со 2:0.
Англија го освои првото место со седум бода, Хрватска е втора со шест, Гана избори плејоф со четири, додека Панама е последна без освоен бод.
МИА


