Во Конго потврден 1.561 случај на заболени од ебола, вклучувајќи 506 смртни случаи

Во Демократска Република Конго е потврден 1.561 случај на заболени од ебола, вклучувајќи 506 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), актуелната епидемија во Демократска Република Конго е поврзана со реткиот сој на вирусот Бундибуџо.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека ризикот од понатамошно меѓународно ширење на болеста за сега е оценет како низок, но нагласи дека ситуацијата бара внимателно следење.

МИА

Најчитани вести