СП 2026: Според Кејн навивачите уживаат во настапите на напаѓачите

Дуелот меѓу Англија и Норвешка што се игра вечерва (23 часот) во Мајами е воедно и дуел на двајца напаѓачи кои сезонава и на Мундијалот играат во одлична форма Хари Кејн (Англија) и Ерлинг Халанд (Норвешка). Англичаните постигнаа 11 голови на петте натпревари, а единствено не ја затресоа мрежата на Гана.

За капитенот на Англија, Хари Кејн не е изненадување добрата форма на напаѓачите.

– Мислам дека ова е неверојатно Светско првенство во однос на сите врвни напаѓачи, сите врвни стрелци кои постигнуваат голови беа и клучни на натпреварите. Тоа, не е секогаш случај на овие големи турнири. Мислам дека навивачите уживаат гледајќи го тоа. Од моја гледна точка, мислам дека е одлично натпреварување. Ме става да бидам на моето најдобро ниво колку што е можно повеќе. Мојата главна цел е да го освојам Светското првенство со Англија, а не Златната копачка, изјави Кејн на прес конференцијата пред дуелот со Норвешка.

На листата на стрелци на Светското првенство водат Килијан Мбапе и Лионел Меси со по 8 голови, Ерлинг Халанд има 7, а Хари Кејн 6.

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести