СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Послените пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда.

Додека Европската Унија на таканаречениот „супер вторник“ отвора нови кластери и поглавја со земјите кандидати, Македонија повторно останува надвор од европскиот пат. 

Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика.

Ова е директна последица на однапред смислените политики на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Наместо напредок, Македонија денес е заглавена, заложник на лажните ветувања на Мицкоски, неспособноста за државна политика и криминал.

Оваа политичка изолација што ја направи Мицкоски има и сериозни економски последици.

Додека земјите што напредуваат кон Европската Унија добиваат милијарди евра неповратна европска поддршка за развој, Македонија се задолжува со нови милијарди евра кредити, а граѓаните живеат со сè пониски плати, пад на инвестициите и сè послаба економија.

Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, Хравтска досега има добиено 30 милијарди евра. 

Toa се пари за подобро образование, здравство, поддршка за земјоделците, силна економија и подобар животен стандард.

Со блокада на европската иднина, Македонија ризикува да остане последна во регионот поради интересите на една криминална група која се плаши од правда и од Европа.Скопје, 12.07.2026

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести