Основање на Кинеско – македонска стопанска комора

Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора.

На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски.

Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата
на Народна Република Кина во Македонијa.

Потоа предвидено е да се одржи панел-дискусија на тема  „Зајакнување на економската соработка и трговската
размена меѓу Кина и Македонија: можности, предизвици и идни перспективи“.

МИА

Најчитани вести