„Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕУ

 „Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ на европскиот пазар благодарение на одлуката на Европската комисија.

Имено, минатиот месец, ЕК објави дека ќе ѝ наложи на „Мета“ да обезбеди бесплатен пристап до четботови со вештачка интелигенција од трети земји на „Ватсап“ во Европската економска зона (ЕЕЗ). Оваа одлука следи по забраната на „Мета“ за ВИ-четботови од трети земји на платформата за видеоповици во ноември, а потоа и по нивното повторно овозможување во март, но само со надомест.

Со одлуката на ЕК, „Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕЕЗ. Контактот преку „Ватсап“ е со повик на 1-800-ЦХАТГПТ, без да мора да се инсталира апликацијата „Чет-ГПТ“.

Исто како и со четботот, и тука корисниците можат да поставуваат прашања, да прикачуваат фотографии, да испраќаат гласовни пораки и да генерираат слики, но – сѐ во рамките на „Ватсап“.

Истрагата на ЕК за ова прашање е сѐ уште во тек, но „Мета“ мора да го одржи бесплатниот пристап до четботови со вештачка интелигенција од трети земји на „Ватсап“ сѐ додека Комисијата не донесе конечна одлука. 

МИА

Најчитани вести