СП 2026: За селекторот на Англија е предизвик да се игра против светските прваци

Репрезентацијата на Англија успеа да се избори за самата завршница на Светското првенство. Но, за пласман во финалето го имаат најтешкиот можен противник – актуелните светски шампиони Аргентина.

–   Мислам дека играчите се многу свесни што значи овој натпревар за нив. Ако еден натпревар нуди, толку многу култни моменти, мислам дека не можете само да кажете дека е само уште еден фудбалски натпревар. Треба да се фокусираме на она што можеме доволно да влијаеме. Јас и мојот тим, не зборуваме за историските настани. Не зборуваме за култните моменти. Само по себе е култно и тензијата е доволно голема. Затоа, се обидуваме токму спротивното и се обидуваме да влијаеме на играчите и што сакаме да прават, како да се однесуваат во различни ситуации. Многу е уникатно да се игра против актуелните шампиони. Многу е уникатно да се игра против Лео Меси и неговиот тим. Уникатно е да се игра со Англија против Аргентина. Тоа е само голем натпревар на голем турнир, изјави на прес конференцијата пред дуелот селекторот на Англија, Томас Тухел.

Натпреварот Англија – Аргентина се игра вечерва со почеток во 21 часот во Атланта. Прв финалист е репрезентацијата на Шпанија, која синоќа ја совлада Франција со 2:0. 

МИА

Најчитани вести