Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија, Дејвид Бекам планира да формира свој фудбалски клуб во Мајами.
Некогашната голема ѕвезда на англискиот и светски фудбал планира да вложи 25 милиони долари во новиот клуб.
Градот Мајами, како и целата Сојузна американска држава Флорида немаат свој клуб во Американската фудбалска лига (МСЛ), која во моментов брои 19 екипи, а постои план до 2020-година да биде проширена на 24 екипи.
Бекам, кој од 2007 до 2012 година играше во МСЛ за тимот на Лос Анџелес Галакси, својата професионална фудбалска кариера ја заврши во мај месец во дресот на ПСЖ за кој настапуваше само три месеци.


