Агротим: Компанија врши ОТКУП на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКO за извоз!

Започнува откупот на јапонското јаболко и очигледен е интересот на земјоделските производители околу пласманот и откупната цена но и на трговците кои се занимаваат со откуп на земјоделски производи за извоз.

До Агротим се обрати компанија која што се занимава со извоз на земјоделски производи и бара да откупи големи количества на јапонско јаболко – прва класа.

Условите кои ги поставуваат се :

Јапонско јаболко 80% прва класа без оштетувања. Во технолошка зрелост со жолтеникава боја и добра цврстина. Без присуство на пестициди и штетници. Големината од 150 грама па нагоре. Нудат конкурентна цена и навремена исплата.

Доколку ги исполнувате условите Ве молиме да се јавите во Агротим на 071 225 345 за повеќе информации и понатамошна соработка како и склучување на договор со компанијата која го врши откупот.

Годинешниот откуп и позитивното искуство од соработката со компанијата е можност за започнување на Договорно производство за следната реколта.

Ве очекуваме!

Извор: Агротим

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести