Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро повторно ќе отсуствува од терените. Поради повредата добиена на натпреварот со Тотенхем во средата Агуеро ќе отсуствува еден месец.
На прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Челзи, што се игра во понеделник менаџерот на „граѓаните“ Мануел Пелегрини истакна дека тоа е тежок удар за тимот, но оти сепак имаат уште неколку квалитетни напаѓачи како Стеван Јоветиќ, Алваро Негредо и Един Џеко. На листата на повредени се и Самир Насри и Хави Гарсија.
Аргентинецот Агуеро се врати во составот на Манчестер Сити пред две недели, откако претходно имаше пауза исто така од еден месец. Агуеро оваа сезона во Премиер лигата има постигнато 15 голови и е втор на листата на стрелци зад играчот на Ливерпул Луис Суарез (23 голови).
]]>


