Камбовски сака да остави некаква трага врз грижата за Македонија, фрла боја врз својата нечиста совест, тоа е неговиот апел до Трајкота да се врател зашто му се распаѓала државата.
Јас би рекол дека спасот не е во тоа Трајко да се врати, туку и академикот да му се придружи, но, друго ми беше муабетот:
Ако државата се распаѓа, господине Камбовски, Трајко има причини да си седи во Рим, да си цврцка “мартини” на “Виа Ријалто”, да ужива во тој распад како Нерон во римскиот пожар, како секој автор во своето дело. Распадот на Македонија не е некоја вселенска несреќа, куќата не гори затоа што Трајко ја заборавил вклучена средната рингла на шпоретот, туку затоа што не заборавил да ја вклучи.
Да го викаш Трајкота да се врати од Рим за да ја спасува Македонија од распад, е исто како да го предупредуваш Лубиц дека треба да го крене авионот, понеже му пропаѓа!
Така што апелот е уште еден знак на трагичното неразбирање на суштината на драмата на Македонија од тие што беа повикани и се повикани да ја оправаат работата, а се покажува дека беа и се во аут!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


