Пропаднале преговорите во Брисел!
Фала Богу!
Сега ќе слушаме морски расправи за тоа кој бил виновен!
Има тројца виновници:
Груевски, човекот кој со своите злосторнички и психопатски политики ја уништи државата и самата идеја за Македонија, го загрози мирот во регионот и основните принципи на западната цивилизација!
Европската унија и САД кои ја дефинираа својата позиција како опортунизам кон таканаречената стабилност за сметка на своите принципи и решија дека со таков човек е подобро да се преговара наместо безрезервно да се прогласи за злосторник со психички проблеми и како таков да се третира! На тој начин не само што не ја обезбедија стабилноста за сметка на принципите туку ја загрозија!
И господинот Заев кој не ги послуша добронамерните совети да не преговара со тешки криминалци и терористи затоа што со самиот чин на преговори ја релативизира разликата меѓу себе и злосторот, наместо да ја потенцира.
Заслужува пофалби за црврстиот став.
Ако Груевски вели дека Заев е одговорен за пропаста на преговорите, тоа треба да му биде чест.
Моите адмирации во таа смисла.
Бранко Тричковски


