Не драги мои, пензиите не зависат ни од ДИК ни од СДСМ.
Пензиите и платите зависат од буџетот кој го има изгласано и кој го спроведува ВМРО.
Ако од буџетот се одлеани пари во текот на годината, тоа се нашите пари за пензии и плати.
Ако од буџетот е трошено на фасади, споменици, рингишпили, катни гаражи, дневници, ручеци, таблети, возикање со луксузни автомобили, шетање по светот со жени швалерки и швалери, тоа се нашите пензии и плати.
Ако од буџетот е давано за спотови и реклами и бесмислена пропаганда, то се нашите пензии и плати.
Нема со ова врска СДСМ. Нашите пари треба да ни ги врати ВМРО. Сите, до последен денар. Затоа што не не прашало дали сакаме плоштад или пензии, не не прашало дали сакаме споменик или пензии, не не прашало дали сакаме фонтана или пензии.
Ајде да не дозволиме да не превезат жедни преку вода.
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска


