Ако сакате да бидете среќни, не правете ги овие девет грешки!

 Додека усвојувањето на среќните навики може да биде начин да бидете задоволни во секојдневниот живот, можно е тие да ви донесат повеќе штета од корист, кога се работи за нашата вкупна, долгорочна сатисфакција, а за тоа да не сте ни свесни.

Девет најчести грешки кои веројатно ги правите, а кои се штетни по вашата среќа.
Во својот говор на ТЕД за моќта на ранливоста, професорката од Универзитетот во Хјустон Брене Браун тврди дека со бегањето од лошите емоции всушност ја намалуваме својата можност да чувствуваме среќа. Кога бегаме од тешки чувства, вели Браун, ја сокриваме радоста, благодарноста и среќата. Нашиот природен стремеж да ја избегнеме болката, со други зборови може да биде причина што не постигнуваме ултимативно задоволство.

Се поставува прашањето: Дали некои од нашите одбранбени механизми дури и малите, секојдневни навики кои ги формираме, се пречка на патот кон среќата?
Додека усвојувањето на среќните навики може да биде начин да бидете задоволни во секојдневниот живот, можно е тие да ви донесат повеќе штета од корист, кога се работи за нашата вкупна, долгорочна сатисфакција, а за тоа да не сте ни свесни.
Девет најчести грешки кои веројатно ги правите, а кои се штетни по вашата среќа.

Ставате преголем акцент на исполнетоста

Преголемата фокусираност на постигнувањето на среќа може да ве направи несреќни. Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Денвер, стремежот кон среќата може уште повеќе да ве оддалечи од неа. Студијата откри дека тие кои вршат поголем притисок на себе за да бидат среќни, се чувствуваат поосамени на дневна база од тие кои не го прават тоа. Личниот притисок, од која било причина, е доволен да произведе стрес и да влијае на целата наша среќа и здравје.

Чувате се во себе

Додека позитивното размислување е клучно за вашата благосостојба, неуспесите во животот се неизбежни, иако треба да продолжите да бидете оптимисти, потиснувањето на чувствата во тек на тежок период може да ви штети. Плачењето е емоционален одговор на телото на надворешните искри, добри или лоши. Потиснувањето на плачењето може да го загрози вашето ментално и физичко здравје, кои се клучни за вашата среќа.

Премногу споделувате

Кристофер МекКенделс еднаш рекол дека – среќата е вистинска само кога се споделува, но во новата, дигитална ера тоа можеби не е секогаш случај. Премногу споделување, дури и ако се работи за поставување на среќен статус на Фејсбук, може да предизвика судир во романтична врска, тврди истражувањето објавено на Универзитетот во Канзас. Границата меѓу тоа што го споделувате со вашиот партнер и тоа што го споделувате со остатокот од светот станува се понејасна, а изнесувањето на премногу детали од вашиот живот може да ги направи не толку посебни за вашата врска.

Цело време сте на Фејсбук и на смартфоните

Поврзаноста со другите луѓе може да е клуч за среќа, но ако се работи за таа преку Фејсбук тоа веројатно ви штети. Неодамнешната студија на Универзитетот во Мичиген предвидува дека големите ангажмани на социјалните мрежи ќе ја намалат целата благосостојба и позитивната состојба на духот. Истражувањето откри дека колку повеќе време учесниците поминале на Фејсбук, толку полошо се чувствувале. Корисниците кои поминале најмногу време прегледувајќи ги новостите на Фејсбук, исто така имале најниско ниво на сатисфакција во текот на студијата.

Да се биде постојано конектиран исто така може да ја намали вашата среќа. Пропуштањето на важни моменти во животот обидувајќи се да ги забележите, не ви помага. Со тоа што не се одвојувате од вашиот смартфон, можеби создавате опасен круг кој ја убива вашата сатисфакција и продуктивност.

Се обидувате да имате сè

Можеби мислите дека настојувањето сè да постигнете, работа, дружење, домашни обврски, училишни приредби, ќе ви донесе ултимативно чувство на исполнетост, но тоа всушност го прави токму спротивното. Всушност, обидувајќи се да имате се и тоа брзо, ги уништува вашите чувства за среќа, посебно ако сте жена. Истражувањето објавено во 2011 година покажува дека вработените жени кои се обидуваат да бидат супер мајки се изложени на поголем ризик за депресија поради огромниот притисок кои го вршат сами на себе. Тие кои имаат пореална слика за балансирање на работата и дома, биле многу посреќни. Претседателката Барнард од колеџот Дебора Спар, чиј став е дена не треба да се има сè, туку тоа што е важно, најдобро тоа го сумираше на група студенти на Универзитетот Колумбија. – Не можете да имате сè во животот, но можете да имате работи кои ви се важни.

Не се осврнувате на минатото

Да се живее во минатото не е клуч за среќа, но препуштањето на чувството на носталгија може да ве одведе во добар правец. Во студијата од 2012 година за носталгиите и емоциите, учесниците наоѓале утеха кога размислувале за минатото. Носталгијата исто така создава физичко чувство на топлина, кое ве чини посреќни.

Не се движите

Не е тајна дека здравиот начин на живот, физички и ментален, е важен фактор за среќа. Меѓутоа, многу од нас не го практикуваат. Нешто толку едноставно како што е прошетка може да биде лесно решение и повеќекратно е корисно. Шетањето може да ви помогне подобро да размислувате, да ја зголемите својата креативност и да добиете некои од најважните витамини. Движењето на стопалата доведува до излачување на ендорфин и чувство на среќа.

Не прифаќате промени

На пример да кажаме дека вашата кариера и вашите лични околности се всушност такви какви што сте ги посакувале. Вашиот живот ви се чини прилично совршен и сакате така и да остане, но не прифаќањето на промени за краен резултат може да предизвика незадоволство. Според студијата за психолошки избор, човечкиот мозок природно се стреми да избегне загуби, но тоа ограничување може да предизвика голем стрес. Само поради тоа што сте задоволни од сегашниот живот, не значи дека треба да бегате од промени. Било да се работи за страв од непознато или страв дека ќе го изгубите тоа што моментално го имате, притисокот да се пазите од сегашномста на крај може да биде штетен за вашата среќа во иднина.

Не медитирате

Голем број истражувања ја поврзуваат медитацијата со среќата и тоа со причина. Одвојувањето време за медитирање може да поттикне позитивни мисли и да ве направи помудри, според истражувањето на УКЛА. Медитацијата може физички да го обнови мозокот, зголемувајќи ја емоционалната интелигенција и овозможувајќи побрзо усвојување на информации. Со медитација го опуштате телото, негувате чувство на благодарност и го намалувате нивото на стресот, а сето тоа е клучно за чувство на среќа.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести