Ако сакате поголема конкурентност на домашниот и странските пазари, инвестирајте во ладилници

Добро снабден пазар не признава сезона. Во секое време има се, а на потрошувачите и откупувачите освен квалитетот важен им е и надворешниот изглед на земјоделскиот производ.

Новото време бара од земјоделците и агробизнисмените да се прилагодуваат на овие услови на пазарот, ако сакаат да заработат повеќе.

Најуспешните и најконкурентните земјоделски производители продаваат кога има дефицит, добра цена и производство во поголеми количевства.

Еден од големите проблеми на Македонскиот аграр е тоа што секоја година голем дел од производството пропаѓа токму поради несооветното чување, најчесто во импровизирани складишни простории,  кои се  под влијание на временските услови што секако придонесува дел од родот да  го изгуби квалитетот.

jabolka_magazin1

Ова е една од причините поради која земјоделците се принудени  производите  да  ги продаваат  по многу  ниски цени или пак што е уште полошо,  да ги фрлат своите производи. Ова е проблем кој ги засега производителите на јаболко, праска, круша, трпезно грозје, домат, компир.

praski_palsman

Загубите во Агро бизнисот од оваа појава во светски рамки се движат помеѓу 5-10% од продажната цена на вкупното производство. Она што е поразително е фактот што во Македонија овој процент е поголем и достигнува и 20% за одредени производства .

Работите во оваа област мора да се менуваат. Придобивките од еден ваков тип на инвестиција се многукратни. Контролирана средина во која што се чуваат производите, односно соодветната температура и влажност на воздухот, овозможуваат целокупното производство кое е набрано и складирано да биде расположливо за продажба.

ladilnik_jabolka

 

Еве колкав период може да се задржи квалитетот на одредени производи доколку соодветно се чуваат во ладилник.

Табела 1.1 приказ на температурите на чување на видови зеленчук и овошје

prokredit_tabela1

Фактот што производот се чува во контролирана средина придонесува за зачувување на неговиот квалитет се до периодот на продажба на истото ниво на кое што бил во периодот на берба. Цврстината, бојата но и тежината остануваат непроменети. Ова е клучниот момент за зголемување на конкурентноста на земјоделскиот производ, како во земјата , така и во странство.

Доколку производителот има ладилник може да го продолжи рокот на производот во свежа состојба и по неколку месеци од бербата и да го продаде кога цената на пазарот е значително повисока.

prokredit_statija_3

Тоа остава простор на производителот да го одбере моментот кој што ќе биде најпогоден за продажба, односно моментот кога производот на пазарот има најголема цена, што директно придонесува до зголeмување на профитот.

Само еден пример со трпезното грозје, ако за време на берба откупната цена е 30 – 50 евро центи зависно од квалитетот, во февруари и март месец на рускиот пазар цената на грозјето достигнува 3 до 4 евра за килограм. Сега во јануари во маркетите во Русија цената на трпезното грозје е 2,5 евра за килограм. Разликата е голема, а со тоа и заработката за земјоделциет ќе биде значително поголема доколку тие имаат услови да го чуваат родот подолго во соодветни ладилници.

grozje_rusija

Оттука нема дилема дали е потребно да се инвестира во ладилници. Можеби останува прашањето колкави средства се потребни. Тоа се  инвестиции за кои е значајна и соодветна финасиска поддршка од банките

 finansiranje_ladilnik_prokredit

Имајќи предвид  специјализираноста и долгогодишносто искуство на Прокредит банка во кредитирањето на агросекторот ги консултиравме за можната поддршка на македонските агро бизниси во вакви инвестиции.

Од ПроКредит банка сметаат дека конкурентноста на македонските земјоделски производи на странските пазари е во директна врска со овие инвестиции и тоа е иднината на нашите земјоделци кои сакаат да се развиваат. Ваквите инвестиции ги поддржуваат со кредити за енергетска ефикасност кој на пазарот се со најповолни услови.

– Ваквите инвестиции најдобро е да се финансираат со долгорочен кредит со рок на отплата до 10 години зависно од бизнисот и фиксна каматна стапка – вели Милан Дамчевски, советник за агро бизниси клиенти од ПроКредит Банка.

Целта е заедничка, подобар пласман на македонските земјоделски производи, поголема заработка за производителите и успешен раавој на македонскиот агро бизнис кој има голем потенцијал.

 

 

 

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести