Акција за извлекување две лица настрадани во несреќен случај на Галичица

Комбинирани екипи за спасување на полицијата, противпожарна служба, Црвениот крст и на Службата за итна медицинска помош се во потрага по две лица кои западнале во неволја на падините на планината Галичица. Станува збор за државјани на соседна Република Албанија, за кои било пријавено дека имале некаква несреќа односно дека еден од нив паднал во провалија.

Од СВР – Охрид е потврдена информацијата за инцидентот, но нема други поединости за случајот, освен дека во тек е акција за извлекување на настраданиот, чија здравствена состојба се уште е непозната.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести