Алармантна сосостојба во мелничко –пекарската индустрија, увозот на брашно двојно зголемен

Состојбата во мелничко –пекарската индустрија во Македонија е алармантна.мерките што досега се спроведуваа не ги дадоа очекуваните резултати.

Увозот на брашно во изминативе четири години речиси за двојно е зголемен,од 29 илјади тони во 2011-та на над 40 илјади тони минатата година.

Најголема опасност на за домашните мелничари е неможноста да конкурираат со цените на брашното од увоз.

Ова пак има директно  влијание и на домашните производители на пченица.

Приносите од годинешната жетва на пченица ќе бидат намалени за околу 20 отсто. Од групацијата на мелничко-пекарската индустрија велат дека потфрлувањето на приносите е последица од  поплавите што годинава ја зафатија земјава.

Намаленото домашно производство ќе влијае врз зголемување на увозот на пченица. Засега нема проценки дали намалените приноси ќе значат зголемување на цената на пченицата и крајно на брашното и белите печива.

Мелничарите укажуваат увозот на брашно е двојно зголемен, што директно ја урива цената на македонското брашно. Зголемување е регистрирано и на увозот на пченица.

Да се забрани увозот на брашно ако контролната маркичка е постара од 30 дена и да се  субвенционираат производителите на пченица за предаден килограм кај лиценциран откупувач, предлага Групацијата на мелничко пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија за надминување на проблемите со кои се соочуваат нејзините членови.

Групацијата на мелничарите бара, да се спроведува и донесениот правилник за квалитет на брашното при увоз што подразбира да не се пушта увозно брашно во промет додека Агенцијата за храна не даде дозвола по добивање на анализите за квалитет.

За да се задоволат потребите  од брашно,  на Македонија и се неопходни 13.563 тони месечно или преку 30 илјади тони пченица. Податоците од терен покажуваат дека 65 проценти од потребното брашно го произведуваат македонските мелници, а остатокот од 35 отсто се увезува, најмногу од соседството. Од вкупните количини пченица пак, околу 60 проценти е увозна.

Оценка на Групацијата е дека досега преземените мерки  за надминување на состојбите во мелничко пекарската индустрија не го дадоа посакуваниот резултат.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести