Алегорија на пештерата…оф…оф

Не,не гледав Собраниски канал. Нема зошто! Комплетно јасна ми е поентата кога итна седница (која иронија)се свикува осмиот ден од поплавата. Комплетно јасна ми е сликата за феноменот Тодороф-оф-оф. И за дебатата,и за целта,и за впечатокот кој треба да се остави……ама во сета оваа калакурница ,не ми се јасни поплавените,унесреќените, ужалените и оние кои не се засегнати со поплавите,а го шеруваат оф-оф……И некако се сетив на Алберт Ајнштајн и неговото „Не постои темнина. Темнината е само отсуство на светлина.И ако на ова се надоврзи и „Алегоријата на пештерата„ од Платоновата „Држава„ станува комплетно јасно и за оние на кои им е нејасно. Во неа (во пештерата) луѓето седат покрај огнот (кој претставува одраз на животот,магија) свртени со грб кон него. На ѕидот од пештерата ги гледаат своите сенки како се движат и мислат дека тоа е нивниот живот. Рацете и нозете им се оковани со синџири од предрасуди,стереотипи и не можат да се свртат кон огнот, ниту пак да излезат од пештерата,нити ја видат светлината. Живеат во темната пештера и тоа е нивната реалност. Еден од окованите успева да се ослободи од прангите и тргнува накај светлината(влезот во пештерата).Исплашен и убеден дека веројатно ќе ослепи од феноменот на силната дневна светлост(затоа што никогаш претходно не ја видел) , затоа што неговите очи се привикнати на мракот во пештерата. Мисли дека е можно и да полуди од сите тие бои и мириси на реалноста. Сепак убеден дека ќе успее да го надмине тоа, да го сочува видот и разумот,продолжува,верувајќи дека ќе биде среќен и ќе ужива во вистината.Вистината го развеселува. Неговата радост ќе го натера да се врати во пештерата и се обидува да им ја каже таа вистина на другите. Да им каже дека надвор има светлина,живот,убавина и дека мракот е мрак на пештерата. Но… иронија! Никој не му верува во тоа што го видел. Никој не верува во нешта што не поминале низ нивните сетила. Луѓето во пештерата, кои никогаш не излегле од неа – ќе го прогласат за луд тој што се вратил. Неговата вистина ќе биде лага за нив. Измама,. Ќе ги ослободи од прангите за да видат светлината ,а тие ќе се обидат и да го убијат, за да не им ја ремети „реалноста“, т.е. „вистината“ на која тие се навикнати и која единствено ја знаат!

2376 години после ова писание сеуште сме духовно неосвестени,и затоа сме сеуште заглавени во пештерата …оф..оф…..

Фејсбук статус на Дивна Јовковска Ефтимовска

 

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести