Откако медиумите објавија дека професорката Тања Каракамишева е избрана за претседател на комисијата за подготовки на јавната научна установа Институт за филм – Филмска академија во Охрид, светската јавност пројави голем интерес за неа и нејзините експертизи.
Со експресно барање за нејзин ангажман излезе Академијата за филмски уметности и науки на САД, која ги доделува Оскарите за најдобрите во филмската уметност.
„Ние со години внимателно ја следиме кариерата на почитуваната професорка Каракамишева и редовно се раководиме според нејзините експертски прогнози, внимателно следејќи ги нејзините експертски ставови. Токму затоа, многу се израдувавме кога дознавме дека таа е дел од комисија за подготовка на Филмска академија во Македонија. Сметаме дека нејзините експертизи многу ќе придонесат во развојот на филмската уметност во вашата земја, но и многу пошироко…
Целиот текст (измислена вест) можете да го прочитате на Козаностра


